Кулушевски одби да даде интервју на македонски јазик (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска на
програмата во Премиерлигата беше дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем,
кое помина во знакот на Кристијано Роналдо, кој три пати ја тресеше мрежата на
противникот и на „ѓаволите“ им донесе триумф од 3-2.

По крајот на
натпреварот новинарот на Спорт Клуб имаше интервју со Дејан Кулушевски, и со
оглед на тоа дека фудбалерот има корени од Македонија, почна да говори на
хрватски јазик со надеж дека ќе се разберат, дури се обиде да го праша и на
македонски јазик.

Сепак, напаѓачот
беше зачуден од овој пристап и побара комуникацијата да се води на англиски
јазик.

Дејан Кулушевски
е роден во Стокхолм, но неговите родители потекнуваат од Македонија и често
доаѓа на одмор во Охрид. Има играно за репрезентацијата на Македонија до 16
години, но потоа престана да одговара на повиците и одлучи да го облече дресот
на Шведска, кој го носи и ден денес.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×