407
Поранешниот германски репрезентативец Тони Крос го изнесе своето предвидување пред големото финале на Светското првенство, оценувајќи дека Шпанија има доволно квалитет да ја совлада Аргентина и да стигне до шампионскиот трофеј.
Според Крос, „црвената фурија“ е покомплетен тим, а клучниот момент на натпреварот би можел да биде првиот постигнат гол.
„Ако Шпанија прва ја затресе мрежата, Аргентина може да заборави на пресврт. Верувам дека Шпанците ќе победат“, изјави поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.
Големото финале меѓу Шпанија и Аргентина е закажано за вечерва со почеток од 21 часот.