Крос го искористи Дембеле за да им одржи лекција на ѕвездите на Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос меѓу редови им одржа лекција на ѕвездите на „кралевите“ и вели дека однесувањето на Осман Дембеле против Баерн Минхен е примерот кој сите треба да го следат.

Реал Мадрид е во голема институционална криза, речиси секој ден има стории за инциденти, тензија и напната атмосфера во соблекувалната.

Ниту Чаби Алонсо имаше контрола врз фудбалерите, ниту пак Алваро Арбелоа успеа да наметне авторитет, а тепачката помеѓу Валверде и Чуамени ја прели чашата и ги вклучи алармите на „Бернабеу“.

Очигледно новиот тренер ќе има полни раце работа, но и самите фудбалери ќе треба да го променат своето однесување.  

Ѕвездите на Реал Мадрид сега лекција добија од Тони Крос, кој иако директно не спомна ниту едно име, на сите им е јасно што сакаше да каже.

„Против Баерн во Минхен, Луис Енрике во 65. минута од игра го повлече својот најдобар фудбалер и никој не се пожали“ – вели поранешниот фудбалер на „кралевите“.

„Ова покажува каква само почит имаат играчите кон својот тренер“.

„Дембеле го напушти теренот, се поздрави со тренерот и потоа седна на клупата и почна да ги храбри своите соиграчи“.

„Ова не секогаш се случува…“

„Можевме да видиме како Дембеле од клубата дели совети, ги бодри соиграчите да изгинат на теренот“.

„За разлика од него, 90% од фудбалерите кои мислат дека се ѕвезди, почнуваат да прават драмии да мафтаат со раце уште на теренот, а потоа седнуваат на клупата навредени и намуртени како мали деца“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×