Кристијано Роналдо откри: Сонот ми е да бидам сопственик на повеќе клубови!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо уште еднаш доби прашање што планира да прави по крајот на кариерата, овојпат инспирирано од неговиот 40. роденден.

Португалската ѕвезда не се откажува така лесно од фудбалот, уште игра за Ал-Наср и тоа во одлична форма бркајќи ја границата од 1.000 погодоци во кариерата. Сепак, за по крајот на кариерата тој не размислува за тренерски или директорски занает.

Нема многу смисла да бидам директор во некој клуб. Ако можам да бидам сопственик на клуб, нема смисла да сум директор или тренер. Тоа е мојот сон, уверен сум дека во иднина ќе поседувам некој клуб. И ќе ви откријам уште нешто: се надевам дека ќе бидам сопственик не на еден, туку на повеќе клубови“, прокоментира Португалецот.

Од поранешните фудбалер постои одредена бројка која поседува клубови, меѓу најистакнатите се Дејвид Бекам со Интер Мајами и Килиан Мбапе кој има акции во Каен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани