Кристијан Ериксен на вчерашниот пријателски натпревар помеѓу Данска и Украина повторно ги исплаши сите откако се струполи на теренот, но Данецот вели дека е добро и вградениот дефибрилатор си ја завршил работата.
Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на Европското првенство во 2021 година, но Данецот одби да оди во пензија, па реши да вгради дефибрилатор и да продолжи да игра фудбал.
Но тој вчера предизвика нова драма, на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина се струполи на теренот.
Иако сцените потсетуваа на тие од пред пет години, Кристијан Ериксен стана и сам го напушти теренот, проследен со аплауз од трибините.
Попладнево тој за прт се огласи, ја објасни ситуацијата и им се заблагодари на сите.
„Сакам да ве известам дека сум добро и дека сум дома со моето семејство. Како што можете да замислите, шокот од активирањето на мојот вграден дефибрилатор беше силен и за мене и за моите најблиски, но сакам да ги уверам сите дека оваа ситуација е различна од онаа во 2021 година“ – напиша Ериксен на Инстаграм.
„Се чувствувам добро и процесот на опоравување веќе започна. Многу сум благодарен за поддршката и помошта од соиграчите и медицинскиот тим на теренот, но и на лекарите кои со години се грижат за моето срце“.
„Благодарение на нивната стручност, мојот уред направи токму она за што е наменет – ме заштити во моментот кога тоа беше најпотребно“.
„Во овој период, мојот фокус е на закрепнување, на време поминато со семејството, одмор и играње фудбал со моите деца“