Капитенот на Кристал Палас, Марк Гуеи, ќе го напушти клубот следното лето, откако одби да го продолжи договорот со лондонскиот премиерлигаш, потврди менаџерот Оливер Гласнер.
Англискиот репрезентативец, кој е роден во Абиџан, беше еден од најбараните фудбалери во текот на летниот преоден рок. За неговиот потпис сериозен интерес покажа Ливерпул, но преговорите меѓу двата клуба не вродија со плод.
Гласнер одлучи да не дозволи заминување на еден од своите најважни фудбалери, но тоа значи дека Гуеи ќе си замине без обештетување на крајот од сезоната, како слободен агент.
Палас со тоа ризикува да остане без својот капитен и лидер во одбраната, кој веќе подолго време важи за еден од најконстантните дефанзивци во Премиерлигата.