Креспо открива зошто Меси не го сака Икарди во составот на Аргентина за мундијалот во Русија

by
2 минути читање

Минатиот месец се појавија стории кои велеа дека Мауро Икарди нема да се најде ниту на поширокиот список на Сампаоли за мундијалот во Русија. Со повредата на Кун Агуеро се отвара простор за напаѓачот на Интер, но мали се шансите за ова поради првата ѕвезда на репрезентацијата Лео Меси.

Поранешниот играч на „Нероаѕурите“ и легенда на „Гаучосите“, Ернан Креспо сега отквира која е причината. 

„Како што гледам, Икарди не е пријател со Меси па затоа нема да биде во составот, или пак можеби грешам?“ – вели Креспо во разговор со Газета дело Спорт. „Мојата драга репрезентација сега се гради околу магични кругови, ме разбирате? Икарди не е во тој круг и за жал поради ова нема да оди на Светското првенство во Русија“.

„Мислам дека тоа е голема грешка, на Аргентина и треба напаѓач како него, но очигледно Сампаоли и Меси мислат нешто сосема друго“.

„Во шеснаесетникот, нема друг играч како Икарди во целиот свет. Кога ќе пристигне нафрлена топка, тој е убинствен. Доколку сакате да градите игра од подлабоко, тогаш можеби Агуеро и Игуаин се подобра опција. Роналдо и Меси дефинтивно се од друга планета, а зад нив има многу напаѓачи кои можат да се сметаат за третиот најдобар играч во светот и Икарди е еден од нив“.

За можноста Интер да се раздели со голгетерот по крајот на сезоната, Креспо вели: „Да се прашував јас, никогаш не би го продал Икарди. Каков сигнал ќе се испрати доколку првиот играч на тимот, најталентираниот, капитенот биде продаден?“

„Не познавам ниту еден тим кој се засилува со тоа што ќе го продаде најдобриот играч. Сосема спротивно, се гради тимот околку најдобриот играч, се носи група која ќе му дава поддршка и ќе го направи уште подобар“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани