„Кралевите“ вчера киксираа по втор пат на стартот од 2019 и на домашен терен загубија од Реал Сосиедад. По крајот на мечот Реал Мадрид изрази незадоволство на начинот на кој беше делена правдата, односно тоа што судијата не досуди ништо за стартот на Руљи врз Винисиус, а не се консултираше ниту со ВАР.
Веднаш се појавија стории дека Реал ќе достави жалба до федерацијата, а незадоволство од спорната одлука искажа директорот Бутрагењо како и тренерот Солари.
Шампионот на Европа тешко се помирува со синоќешните случувања па денес продолжи со кампањата. ТВ каналот на Реал Мадрид објави видео снимка од ВАР собата од нивниот дуел со Еибар, кој го загубија со 3-0.
Тогаш во ВАР собата беше токму Мунуера Монтеро, кој вчера ја делеше правдата и реши да не свирне пенал. Па Реал ја стави под знак прашалник непристрасноста на судијата и го сподели моментот кога тој го слави првиот гол на Еибар. Погодокот на домаќините мораше да биде проверен од ВАР за можен офсајд, и видео технологијата потврди дека нема ништо спорно.
Монтеро направи „да пукне“ со колегите, веројатно како знак дека добро си ја завршиле работата, но Реал Мадрид смета дека тука има нешто спорно.
Останува да се види што ќе се случува во иднина. Реал Мадрид во минатото безброј пати има добиено помош од судиите, Баерн Минхен најдобро го има осетено тоа на своја кожа, па очигледно „кралевите“ не се навикнати грешките на судиите да бидат на нивен терет.
El Real Madrid se queja de que Munuera Montero, el árbitro del VAR en el Eibar-Madrid del 24 de noviembre, chocara la mano con sus asistentes tras dar por válido un gol del equipo local.
Imágenes: Real Madrid TV pic.twitter.com/Tc1Y46Uga5
— eSPAINews (@eSPAINews) January 7, 2019