Крај на сите шпекулации: Мурињо донел конечна одлука

by Стефан
1 минути читање

Жозе Мурињо ќе продолжи да го води Фенербахче и следната сезона, пренесува „ЕСПН“.

Португалскиот стратег очигледно е подготвен да ја продолжи мисијата во ИстанбуЛ и покрај шпекулациите за можна кратка авантура.

Мурињо пристигна во Фенербахче со цел да го врати клубот на тронот во турскиот фудбал, иако задачата не е лесна со оглед на конкуренцијата од ривалите Галатасарај и Бешикташ. Ќе потсетиме, Фенербахче на титула во првенството чека веќе цели 11 години.

Според информациите на ЕСПН, „Специјалниот“ одлучил да остане барем уште една сезона, иако во текот на сезоната беше незадоволен од ситуацијата и често пати во јавноста го критикуваше турскиот систем тврдејќи дека е наклонет на Галатасарај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани