938
Како што стојат работите Баерн Минхен постигнал конечен договор со Алфонсо Дејвис и Канаѓанецот ќе остане во германскиот гигант.
Дејвис влезе во последните месеци од договорот со баварците и долго време водеше преговори, меѓутоа изгледа на крајот двете страни пронашле заеднички јазик.
Најавите се дека Дејвис ќе потпише нова соработка со важност до 2030 година.
Во претходниот период Дејвис најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид, но во игра беше и Манчестер јунајтед кој чекаше своја шанса. Дресот на Баерн Минхен го носи од 2019 година кога пристигна од Вакувер за сума од 14 милиони евра.