170
Шкупи во четврток ја почнува битката со ирски Шамрок за пласман во плеј-офот за групната фаза во Лига Европа. Македонскиот тим денеска го дозна и можниот следен ривал.
Тоа ќе биде поразениот од квалификацискиот дуел за Лигата на шампионите меѓу Карабах од Азербејџан и Ференцварош од Унгарија. Двата тима досега оставија одличен впечаток во квалификациите за ЛШ.
Доколку Шкупи стигне до дуел со некој од овие два тима, на 18 август би гостувал на првиот меч, а на 25 август би бил домаќин.