Контроверзна победа на Јуве, „Бјанконерите“ со три бода си заминаа од Сардинија (ВИДЕО)

by
2 минути читање

„Старата Дама“ се
врати на -1 во однос на водечкиот Наполи, во последниот натпревар од 20. коло,
Јувентус славеше со 0-1 во Сардинија.

Избраниците на
Масимо Алегри добро се помачија и стигнаа до контроверзна победа благодарејќи
на голот на Бернардески.

На стартот од
средбата, Јувентус во два наврати ја погоди рамката од голот, но и Каљари имаше
свои шанси и само одличните интервенции на Шчесни придонесоа на пауза да се замине
со почетниот резултат.

Клучниот момент
се случи во 74. минута, нововлезениот Коста продре по десната страна и испрати
топка во срцето на петерецот каде Бернердески само постави нога за 0-1.

Но голот беше
контроверзен бидејќи еден играч на Каљари лежеше на тревата и домаќините бараа
топката да биде исфрлена во аут, но Јувентус продолжи со играта.

Ова не беше единствениот спорен момент, неколку минути по водството на „Старата
Дама“, Бернардески во сопствениот шеснаесетник играше со рака.

Играчите на Каљари бараа пенал, но судијата категорично одмавна а не вродија со
плод ниту свирежите од публиката и барањата целиот инцидент да се прегледа со
ВАР.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани