Конте си оди од Тотнем по крајот на сезоната, сака клуб со кој ќе може да освојува

by
1 минути читање

Италијанскиот стратег потпиша 18 месечен договор во ноември 2021 година и се очекува да си замине кога неговиот договор ќе истече, во јуни.

Ваквата информација ја потврди Џанлука Ди Марцио кој тврди дека Конте сака да оди во клуб со кој ќе освојува трофеи, а во изминатиот период виде дека не може да го прави тоа со Тотнем.

Конте наводно не е задоволен од финансиската поддршка за трансфери која ја добива од претседателот Даниел Леви, а се чини дека и спортскиот директор Паратичи кој беше дел од Јувентус ќе биде суспендиран поради случувањата со старата дама.

Конте сега е далеку од фамилијата, а кога ја нема и конкурентноста на тимот, тешко дека е за верување дека ќе го продолжи договорот со Тотнем.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×