По заминувањето од Интер, се чини дека Конте ќе почека за следниот тренерски ангажман. Италијанскиот стратег внимателно го бира следниот предизвик, а за сериозен проект во моментов нема понуда.
Но, понуда доби од „Скај Спорт Италија“ која ја прфати.
Тој се приклучува на екипата на фудбалски критичари на оваа телевизија и ќе работи во студии за време на натпреварите од Лигата на шампионите и репрезентации.
Покрај Антонио Конте, фудбалски критичари на „Скај Спорт Италија“ се Бепе Бергоми, Естебан Камбијасо, Фабио Капело, Паоло Кондо, Алесандро Костакурта, Алесандо Дел Пјеро, Паоло Ди Канио, Лука Маркеџани, Џанкарло Мароки и Нандо Орис.
Новинарот на „Скај Спорт Италија“, Џанлука Ди Марцио преку инстаграм го потврди ангажманот на Конте, тој напиша: „Готово е. Антонио Конте на позајмица во „Скај Спорт Италија“ со опција за купување до следната клупа. Добредојде Антонио“.