Конечно му донесоа засилување на Бенитез, уште еден Лукаку ќе игра во Премиерлигата

by
1 минути читање

24-годишниот лев бек на Лацио, Џордан Лукаку е брат на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, тој доаѓа во Њукасл на позајмица до крајот на сезоната.

Рафа Бенитез очајно посакуваше да го засили тимот кој се бори за опстанок, дури и се закануваше со отказ доколку раководството не му донесе нови фудбалери.

Џордан Лукаку има седум настапи за Белгија заедно со својот брат Ромелу, но никогаш не играле во иста лига.

Тој бил само во младинската школа на Андерлехт, кога Ромелу ја напуштил Белгија во 2011 и потпиша со Челси.

Њукасл во моментов е 17. на табелата во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани