Комплетирана и последната зделка од сомнителните, Челси на Астон Вила и плати 19 милиони за Омари Келимен

by bojan
2 минути читање
Келимен

Челси попладнево го потврди трансферот на 18 годишниот Омари Келимен од Астон Вила, ова е последната зделка од сомнителните, поради кои реагираше и Премиерлигата.

Откако Астон Вила доцна синоќа го соопшти трансферот на Иан Матсен од Челси за околу 35 милиони фунти, денеска редот беше на „сините“ да го потврдат своето засилување од „Вила Парк“.

Челси потпиша со 18 годишниот Омари Келимен во трансфер вреден околу 19 милиони фунти.

Ова е последната зделка од сомнителните трансакции помеѓу Челси, Астон Вила и Евертон, поради кои реагираше и Премиерлигата.

Има многу прашалници околу реалната, односно фер цената на играчите, и многумина сметаат дека сумите се „напумпани“ за клубовите да прикажат подобри финансиски резултати, со кои ќе избегнат санкции и одземање бодови.

18 годишниот Омари Келимен има само 184 минути првотимски фудбал во Астон Вила, и на многумина им паѓа во очи тоа што Челси одвојува дури 19 милиони фунти за неговите услуги.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани