Фудбалерите на Комо полека го губат чекорот во трката за место во Лигата на шампионите, откако трет натпревар по ред не успеваат да стигнат до победа. Во 33. коло, избраниците на Сеск Фабрегас беа поразени на гостувањето кај Сасуоло со 2-1.
Прашањето за победникот беше решено во самиот финиш на првото полувреме. Кристијан Волпато во 42. минута ја искористи грешката на гостинската одбрана и со лоб удар го совлада голманот, а само две минути подоцна Нзола реализираше по брза контра за зголемување на предноста.
Комо успеа брзо да се врати во игра, откако Нико Паз со одличен удар со глава погоди во судиското продолжение на првиот дел.
Во второто полувреме гостите повторно ја затресоа мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд.
По овој пораз, Комо останува на петтата позиција со 58 бодови, два помалку од Јувентус, кој има можност да ја зголеми предноста во дуелот со Болоња. Во игра е и Рома, која со натпревар помалку заостанува само еден бод и може да направи скок на табелата.
Овој пораз воедно беше и прв за Комо на гостински терен во 2026 година.