3,2K
Дисциплинската комисија при фудбалскиот сојуз на Шпанија реши да ја одбие жалбата на Реал Мадрид поврзана со суспензијата на Џуд Белингем.
На натпреварот со Осасуна англискиот репрезентативец доби директен црвен картон во 40. минута, откако судијата Хозе Мунуера го чу како му вели „Е*и се“.
Одлуката на сојузот беше суспензијата да биде во траење од два натпревари и Белингем не мина многу лошо. Сепак, Реал реши да упати жалба за оваа ситуација барајќи пократка казна и истата беше одбиена.
Инаку, Белингем има суспензија и за првиот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.