„Која е таа Македонија, вчера стана држава, ако се плашиме од нив, подобро да не играме фудбал“

by
1 минути читање

Последните години Македонија е поквалитетна селекција од Бугарија, тоа го покажуваат резултатите, па според многумина ние сме фаворити во утрешната пресметка во Разград која почнува од 18 часот.

Овој дуел е интересен и поради затегнатите односи меѓу двете држави, па има посебно значење за двете нации. 

Првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов, имаше прилично навредлива и потценувачка изјава за Македонија.

„Која е бре таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри“, изјави Стефанов за „Новини247“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×