Кој прв ќе попушти? Де Хеа одбива да ги намали барањата за плата, Јунајтед не сака да му даде толку многу

by
1 минути читање

Откако Жозе
Мурињо го напушти Олд Трафорд, неколку играчи ја продолжија верноста со
Манчестер јунајтед, но се уште нема абер за новиот договор на Давид Де Хеа.

Според пишувањта
на Мирор, причина за ова е високите плата која ја посакува голманот. Весникот пишува дека
Шпанецот инсистира да добие 350.000 фунти неделно, и одбива да ги намали
барањата.

Со ваква сума,
голманот ќе стане вториот најплатен играч на Олд Трафорд, поголеми примања од
Де Хеа ќе има само Алексис Санчез, па лидерите на Манчестер јунајтед немаат намера
да му ја исполнат желбата и преговорите се во пат-позиција.

Останува да се
види кој прв ќе попушти, но „ѓаволите“ имаат малку адути со
оглед на тоа што во ноември веќе беа принудени да ја активираат опцијата за
продолжување на договорот на Да Хеа за една додатна година со оглед на тоа дека
преговорите тапкаа во местo. Шпанецот е обврзан до јуни 2020, и за помалку од
12 месеци ќе може да потпише пред-договор со друг клуб и да замине за без пари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани