Фудбалскиот свет денеска беше погоден од големата трагедија во која во сообраќајна несреќа животот го загуби фудбалерот на Ливерпул на Ливерпул, Диого Жота заедно со неговиот брат, Андре.
Како што објавија шпанските медиуми, Жота животот го загубил откако со својот автомобил излетал од патот.
Исто како и Жота и неговиот брат беше професионален фудбалер, а некогаш важеше и за голема надеж на португалскиот фудбал.
Андре Силва кој имаше 25 години последните денови ги помина како фудбалер на португалскиот второлигаш Пенафиел. Како голем талент во минатото беше дел од Порто, но не направи кариера како својот три години повозрасен брат.
Настапувше уште за Гондомар, а Панефиел пристигна во 2023 година и со овој клуб беше обврзан на соработка до 2026 година.
Во младинските категории на Порто, Диого и Андре беа и соиграчи, меѓутоа потоа Диого многу повеќе напредуваше и стигна до репрезентацијата на Португалија за која одигра 49 натпревари и постигна 14 гола.