Клубовите сакаа едно име, претседателот друго, Малдини се реши за трето: Одбран е новиот селектор на Италија

by bojan
1 минути читање

Андреа Пирло се најавува како новиот селектор на Италија, поранешниот играч на Интер, Милан и Јувентус е изборот на Паоло Малдини и Леонардо откако Пеп Гвардиола ја одби понудата.

Андреа Пирло ќе седне на жешкото столче на „аѕурите“, се очекува официјално соопштение да пристигне до крајот на оваа недела.

47 годишниот стратег е личен избор на техничкиот директор Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо.

Клубовите од Серија А сакаа да го видат Антонио Конте на кормилото, претседателот на ФИ, Џовани Малаго го преферираше неговиот пријател Роберто Манчини, но откако Пеп Гвардиола ја одби понудата, Малдини и Леонардо за кратко го договорија Андреа Пирло.

Неговиот договор ќе важи до крајот на Светското првенство во 2030, а ќе заработува околу 1,5 милиони евра по сезона.

Тоа е далеку помалку од тоа што би било потребно за ангажман на Карло Анчелоти, Пеп Гвардиола, Роберто Манчини или Антонио Конте.

Се говори дека одличниот однос на Пирло со Малдини и Леонардо, како и тоа што Анчелоти го смета за свој ментор, се главните причини за ваквиот избор.

Тие исто така веруваат дека Пирло ќе биде најотворен за нивните идеи за реформа и спроведување на долгорочниот план за модернизација на академиите и градење препознатлив стил на игра на „аѕурите“, заснован на техника и посед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×