517
Ливерпул игра очајна сезона, понижувањето од Реал Мадрид во Лигата на шампионите е досегашната кулминација на проблемите кои ги имаат црвените. Тие не се ниту бледа сенка од ланската сезона.
Клоп знае дека се потребни промени, и тие ќе се случат на лето.
„Ќе направиме многу промени на лето. Знаеме дека ни е потребно тоа, ова лето мора да направиме нешто“, вели Клоп.
Тој не размислува за оставка, вели дека сака да продолжи да биде тренер на Ливерпул.
„Тука сум во Ливерпул, точно на местото каде што сакам да бидам. Да, точно на местото каде што сакам да бидам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.