Клоп го коментираше заминувањето на Кутињо: Секој има свои сништа, неговиот сон беше Барселона

by
2 минути читање

Филипе Кутињо го напушти Ливерпул, трансфер сагата која
подолг период е околу Бразилецот конечно заврши, Барселона на интересен начин
го претстави големото засилување за зимскиот јануарски преоден рок, откако тоа
не успеа да го стори во летниот.

Во соопштението на официјалниот клупски сајт на Ливерпул,
Јирген Клоп го коментираше заминувањето на Кутињо, за кого истакна дека е
фантастичен фудбалер, и уште подобра личност, вели дека и покрај сите тие
збиднувања во летото останал доследен на својот професионален пристап во
клубот.

Филипе беше упорен со мене, раководството на клуботи, па
дури и со неговите соиграчи, ова беше трансфер кој го чекаше очајно да се случи

открива Клоп.

И покрај сите тие работи ние успеавме да го задржиме
фудбалерот во летниот преоден рок, надевајќи се дека ќе го убедиме да остане во
клубот и да биде дел од нашите големи планови во иднина
“ додава тој.

Клоп ја уверува јавноста и фановите на тимот од „Енфилд“
дека Кутињо по ситуацијата во летниот преоден рок останал професионалец и како
таков дал голем допринос во продолжението.

Можам слободно да им порачам на сите фанови на Ливерпул,
дека ние, како клуб, направивме се што можевме да направиме за да го убедиме
Кутињо да остане дел од Ливерпул. Нашите убедувања гласеа дека останувањето во
Ливерпул е еднакво како заминување во Шпанија, но тој беше стопроцентно убеден во
своите планови околу неговата иднина, а тоа е дека припаѓа во Барселона
“ вели
Клоп.

По тоа што се случи во летото Кутињо беше целосно
посветен на клупските обврски, ја уверувам јавноста дека беше професионалец во
извршувањето на задачите во Ливерпул, премногу ни помогна во одредени
натпревари да дојдеме до триумфи. Секоја индивидуа има свој сон, ова беше негов
сон, фудбалери доаѓаат, други си заминуваат, тоа е фудбалот…
“ заврши германскиот
фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани