Менаџерот на Ливерпул во последно време е мета на критичарите поради резултатската криза во која влегоа „Црвените“ и серијата лоши резултати во 2017.
Сепак, Кевин Принц Боатенг е убеден дека Јирген Клоп е најдобриот тренер во светот и покрај тоа што соработуваше само шест месеци со Германецот.
„Тој е најдобриот тренер во светот, знае кога да ве притисне и кога да ве утеши“ – вели репрезентативецот на Гана.
„Знае кога ви е потребна пијачка, и кога ви треба вода. Ја има оваа дарба…“.
„Има се, прашајте ги играчите и тие ќе ви кажат: „Тој е најдобар, спремни сме да умреме за него““.
„Точно знае што му е потребно на секој играч и им дава време. Во Дортмунд имаше играчи кои играа пет минути во шест месеци но беа среќни. Со насмевка доаѓаа на тренинг и работеа напорно, бидејќи Клоп прави да се чуствувате важни“.
„Затоа е успешен секаде. Ливерпул е перфектно место за него. Погледнете ја неговата презентација и ќе сфатите. „Нормалниот“, луѓето го обожаваат тоа“.
„Задоволство ми е што го сретнав Клоп, што работев со него, иако се работеше само за шест месеци“.