Клоп е известен, уште еден член на славното трио на Ливерпул си заминува

by
1 минути читање

Уште еден член на славното трио на Ливерпул си заминува, откако Садио Мане минатото лето направи трансфер во Баерн Минхен, летоска клубот ќе го напушти и Роберто Фирмино.

Голем број на извори пренесуваат дека Бразилецот разговарал со Јирген Клоп и го известил дека нема да стави потпис на нов договор и по крајот на сезоната ќе се збогува со „црвените“.

Напаѓачот, кој беше купен за 29 милиони фунти од Хофенхајм во 2015, формираше одлично трио во нападот со Мохамед Салах и Садио Мане.

Заедно тие помогнаа Ливерпул да триумфира во Лигата на шампиони во 2019 година, и по пауза од 30 години, „црвените“ да ја освојат Премиерлигата во 2020 година.

И покрај тоа што Ливерпул изминатиов период донесе играчи како Луис Диаз, Дарвин Нуњез и Коди Гакпо, заминувањето на Роберто Фирмино е удар за Јирген Клоп, кој сакаше да го задржи Бразилецот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани