1,6K
Ливерпул го објави финансискиот извештај за годината 2023/24, а добро упатените велат дека според бројките во билансите, Јирген Клоп и неговите соработници добиле милионска исплата кога го напуштиле клубот.
Јирген Клоп реши да ги напушти црвените“ на крајот од минатата сезона, Германецот се правдаше дека снемува енергија и мора да се повлече од кормилото на Ливерпул.
Германецот и покрај тоа што самиот инсистираше да замине, добил милионска исплата.
Клубот од Енфилд ги објави финансиските извештаи за сезоната 2023/24, и како што пренесуваат добро упатените, според бројките во билансите, на Јирген Клоп и неговите соработници им биле исплатени 9,6 милиони фунти.