Кикс на Струга, Шкупи искористи!

by
2 минути читање

Силекс и зададе удар на Струга во битката за одбрана на титулата откако ја совлада на нејзин терен со 3-2.

Струга одлично го почна мечот, со голови на Ибраими и Радески имаше предност од 2-0. Игњатов даде гол за Силекс за 2-1, со тој резултат се замина на одморот.

Рано во второто полувреме Игњатов даде уште еден гол за 2-2, а брзо после него поведе и Каланоски за водство на Силекс од 3-2. Имаше уште многу да се игра, но Струга не успеа со нов гол да се спаси барем од пораз.

Шкупи со два гола во финишот дојде до победа од 3-2 против Тиквеш и освои три големи бода со кои се израмни бодовно со Струга на врвот.

Воша во 39. минута донесе водство за Шкупи од 1-0, но во вториот дел со два погодоци на Спахиу Тиквеш го сврте резултатот и поведе со 2-1.

Сепак Аворнио се покажа како џокер од клупата за Шкупи, во игра влезе во 86. минута и веднаш даде гол за израмнување на 2-2, а во 97. минута погоди и Дуду за победа од 3-2.

Шкендија со убедливи 4-1 беше подобра од Гостивар. Шала даде два гола во првото полувреме, по еднаш погодија адеми и Чинари во вториот дел, почесниот погоодок за Гостивар беше дело на Кехинде. 

Вардар со 2-0 загуби на гостувањето кај Брера. Цветаноски и Ивковиќ беа стрелци на головите за струмичкиот тим.

Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено 1-1. Гостите поведоа во финишот од првиот дел со гол на Ларсон, Билали изедначи во второто полувреме.

Најубедлива денеска беше Воска која со 4-0 ја совлада Брегалница. Јашароски даде два гола, по еднаш погодија Георгиев и Марушиќ.

Резултати 29. коло:

Брера – Вардар 2-0

Работнички – Македонија ЃП 1-1

Шкендија – Гостивар 4-1

Шкупи – Тиквеш 3-2

Струга – Силекс 2-3

Воска – Брегалница 4-0

Табела: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани