Манчестер јунајтед имаше одлична шанса со три бода да се доближи кон врвот откако синоќа ниту еден од фаворитите не освои три бода, но тимот на Мурињо потфрли и одигра само 0-0 против Хал.
Јунајтед имаше две фантастични шанси, едната на Погба втората на Хуан Мата, но голманот Јакуповиќ беше херој на својот тим.
Лазар Марковиќ можеше да донесе и три бода за Хал, но ја погоди стативата од голот на Де Геа во финишот од мечот.
Новото засилување на Манчестер Сити, Габриел Жесус за прв пат беше стартер и покажа одлични перформанси, имаше асистенција и даде гол.
По негово додавање до Де Брујн во 17. минута Манчестер Сити поведе со 1-0, четири минути подоцна Давид Силва го зголеми водството на 2-0.
На пет минути до крајот на првиот дел Габриел Жесус реализира за водство од 3-0, а Јаја Туре по 20 минути игра во вториот дел од пенал ги постигнува конечните 0-4.
Стоук и Евертон ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1. Стоук поведе со 100. гол на Питер Крауч во Премиерлигата, изедначи Шоукрос со автогол.