Кевин Де Брујне виден во Хрватска, па во Србија – еве зошто е на Балканот

by 24 фудбал
1 минути читање

Белгиската фудбалска ѕвезда Кевин Де Брујне е на Балканот, поточно во српската престолнина Белград.

Утрово се појавија информации во Хрватска дека ѕвездата на Манчестер Сити била видена во Осиек, меѓутоа бргу го напуштила овој град. Потоа стана јасно дека неговата финална дестинација била Белград, а познато е и зошто.

Де Брујне пристигнал во Белград на средба со познатиот спортски доктор Маријанa Ковачевиќ кој во последните години покажа дека е специјалист за одредени повреди во спортот.

Ковачевиќ претходно често ги „спасуваше“ турнирите на Новак Ѓоковиќ, а кај него доаѓале и многу други фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани