298
Ветеранот Кејлор Навас имаше неверојатен меч во победата на неговиот Њуелс Олд Бојс против Тигре (2-0) во шампионатот на Аргентина.
Костариканецот имаше рекорден натпревар, бидејќи го заврши со 12 интервенции. Навас блескаше на голот и беше еден од главните играчи на Њуелс во походот кон победата.
Со оваа партија Навас го имаше најдобриот перформанс во кариерата. Досега натпревар со најмногу одбрани му беше оној во дресот на ПСЖ против Барселона во 2021 година на кој имаше 10, а две години претходно против Реал имаше 9.