„Ќе биде пеколно тешко да го задржиме Миовски, ако дојдат конкретни понуди!“

by
1 минути читање

Прв се појави француски Ремс, па англиски Саутемптон, а се споменуваат и италијанските Лацио, Болоња и Специја, па допрва листата на интерес за Македонецот ќе се (про)шири како ќе се приближува летниот преоден рок. И извршниот шеф на Абердин, Алан Бароус призна дека ќе биде тешко да се задржи Миовски, како и партнерот во нападот Дук за следната сезона, ако дојдат конкретни понуди.

„Ние не сме под притисок дека треба да продаваме, но ако некој сака да ни ги земе највредните фудбалери, посебно тие што имаат подолгорочни договори, ќе биде тешко да се справиме со нив. Наша цел е да направиме конкурентен тим, а не да распродаваме играчи, но свесни сме дека Миовски, Дук, Јилбер Рамадани се интересни за поголеми клубови“, вели Нароус.

Миовски има договор со Абердин до 2026 година, а уште на полусезона низа легенди во Шкотска предвидуваа дека многу брзо ќе замине македонскиот центарфор во некоја многу посилна лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×