Катарецот кој сака да го купи Манчестер јунајтед е истиот газда на ПСЖ, но и тоа се решава со „алтани“!

by
1 минути читање

На хартија, мнозински сопственик на ПСЖ е Катар спортс инвестмент (QSI), организација за која важи дека е „ќерка“ на Катар инвестмент ауторити (QIA), инвестициски фонд во сопственост и управуван од државата. Тамим Бин Хамад Ал Тани е Емирот на Катар, односно првиот човек на земјата, што поедноставено значи – сопственик на ПСЖ.

Познато е дека два клуба не смеат да имаат ист сопственик, па затоа сега во Англија се испитува „сивата зона“ во која планира да се впушти Емирот Ал Тани, за да го оправда купувањето на Јунајтед. Меѓутоа, уште пред време на сите им е јасно дека она што не може да се реши со пари, може да се реши со многу пари.

Ал Тани важел за голем фан на Јунајтед, па ако запнал да го купи веројатно ќе го направи тоа. Претпоставките се дека ќе основа нов инвестициски фонд, неповрзан со фондот кој раководи со ПСЖ и тој ќе фигурира како сопствнеик на Јунајтед. Како што Ал Келаифи е назначен за претседател на ПСЖ, така и овде ќе има „лице за контакт“, шпекулираат на Островот.

Фамилијата Глејзер, која во моментов управува со Манчестер јунајтед, бара околу седум и пол милијарди долари или нешто над шест милијарди фунти за да ги предаде сопственичките права од клубот, а не треба ни да се погодува дека тоа не е проблем за Ал Тани. Британските медиуми веќе споделија дел од наводните планови на Емирот, да му даде неограничен фонд за засилувања на Ерик тен Хаг, но и да изгради нов стадион, модерен, по тертипот на катарските од неодамна завршеното СП во фудбал.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×