Семејството Глејзер го стави Манчестер јунајтед на продажба и одреди рок до средината на февруари за прибирање понуди. Како се ближи крајот на поставениот рок, се почесто се шпекулира за страните кои пројавуваат интерес за клубот од Олд Трафорд.
Последните информации велат дека инвеститори од Катар ја формализираат понудата за купување на Манчестер јунајтед и до петок ќе достават конкретен предлог до семејството Глејзер.
Исто така се пишува дека вториот најбогат човек во светот, Илон Маск внимателно следи што се случува и размислува да достави понуда.
Се верува дека зделката за купување на Манчестер јунајтед ќе изнесува помеѓу 4,5 милијарди фунти и 6 милијарди фунти.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.