88
Јувентус му плати 600.000 евра на Лацио и потпиша со Касерес договор до крајот на сезоната.
Ова е трет пат како Касерес потпишува за Јувентус, првиот пат беше во сезоната 2009-2010 кога дојде на позајмица од Барселона. Во сезоната 2011-2012 дојде најпрво на позајмица од Севиља, па потпиша перменантен договор.
Големата конкуренција и честите повреди не му дозволија да игра многу иако до 2017 беше во Јувентус. Но сега повторно ќе ја има шансата да го облече црно-белиот дрес.
„Среќен сум што се враќам во клубот кој секогаш бил мој дом за мене. Кога ја добив понудата да се вратам и повторно да го облечам овој дрес, се потсетив на претходните години поминати тука. Го сакам овој дрес“, изјави Касерес.