Мурињо и Карсдорп ја спукаа пред паузата за Светското првенство откако холандскиот бек не се залагаше доволно на теренот на еден меч.
Се очекуваше Кардорп да си замине во јануари, но тој остана, а недоразбирањата со Мурињо се надминати.
„Мурињо и Карсдорп продолжија да работат заедно професионално“, изјави агентот Хенкес.
„Вакви ситуации се случуваат во врвниот спорт. Ние разговаравме во детели во изминатиот период, Рик и тренерот исто така зборуваа неколку пати и двајцата се уверени дека можат добро да ја завршат сезоната“.
„Доколку Рик беше предавник, тој немаше веќе да игра за клубот. Има многу примери за тоа. Рик не е предавник. Клубот не го гледа како предавник, ниту стручниот штаб или неговите соиграчи. Тие сакаат тој да се врати во тимот“.
„Од оваа недела Рик е фит повторно и подготвен за натпреварите на Рома. Тој навистина сака да се бори со неговите соиграчи на теренот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.