Кардиф во незгодна ситуација, од една страна се моли за Сала а од друга мора што побрзо да најде нов напаѓач

by
2 минути читање

Кардиф се наоѓа
во долниот дел од табелата и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во
елитата. Клубот од Велс затоа овој месец го купи Емилијано Сала од Нант за
рекордни 15 милиони фунти (нешто над 17 милиони евра).

Но Аргентинецот
не успеаја да започне авантурата откако авионот со кој патуваше на „островото“
изчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта. По напаѓачот се трага со денови и
како одминува времето се помали се шансите за позитивен исход.

И додека цел
фудбалски свет се надева на чудо, за жал бизнисот мора да продолжи и Кардиф е
ставен во незогдна ситуација. Од една страна се моли за Емилијано Сала и продолжува да
дава поддршка за потрагата како и поддршка за семејството на играчот, а од
друга страна треба да ја осигура својата иднина во Премиерлигата.

Можеби делува
бесчуствително но лидерите на клубот мора да размислуваат за ангажман на нов
напаѓач и тоа што побрзо бидејќи Премиерлигата нема да им дозволи продолжување
на зимскиот преоден рок.

„Од гледна точка
на клубот, во моментов се справуваме со ситуацијата но имаме друг оддел кој
продолжува да го следи трансфер пазарот“
– вели генералниот извршен директор
Кен Чу.

„Навистина е
тешко, и психолошки и емоционално и ментално да се обидете да се справите со
вакви ситуации. Нашиот фокус е поделен. Од една страна се грижиме за Емилијано,
се грижиме за неговото семејство и се обидуваме да им помогнеме најдобро што
можеме, но од друга стана мораме да водиме бизнис кој не може да стои и мора да
продолжи“.

„Мораме да го
испочитуваме крајот на трансфер периодот. Разговарав со луѓето од
Премиерлигата, им објаснив во каква ситуација сме , како со месеци го следевме
Емилијано Сала и кога конечно го договоривме се случи ова…“

„Има уште осум
деново до крајот на преодниот рок и навистина не знам како да се справиме со
ова сценарио. Од Премиерлигата ни порачаа само дека исто како и другите
клубови, и за нас преодниот рок завршува на крајот од месецот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани