Медиумите од Англија синоќа пренесоа дека Нант испратил допис до Кардиф и ја бара првата рата од 6 милиони евра од трансферот на Емилијано Сала вреден 17 милиони евра.
Извештајот велеше дека „канаринците“ поставиле рок од десет дена за подмирување на долгот и се заканиле со тужба доколку парите не бидат префрлени.
Се верува дека Кардиф инсистира најпрво комплетно да заврши истрага за трагичната смрт на Аргентинецот, да се утврдат сите факти и причини за немилиот настан па потоа да ги префрлат средствата. Но клубот од Велс ќе треба да биде вниманителен зошто ризикува да остане без бодови.
„Доколку одредени крајни роовки, кои се напишани во договорот за трансфер, не се испочитуваат, ова може да повлече одредени последици“ – вели Џанпаоло Монтенери, поранешниот прв човек на одделот на ФИФА за статус на играчи, и сегашен адвокат и експерт за спортско право.
„Клубот може да биде предупреден, прекорен па дури и да му бидат одземени бодови. Ситуацијата навистина е незгодна, зборуваме за голема човечка трагедија од една страна и важна сума на пари од друга“.