Кардиф ја замрзна исплатата за Сала

by
2 минути читање

Со оглед на
трагичното исчезнување на Емилиано Сала, Кардиф одлучи да ја замрзне исплатата
на обештетувањето до Нант, за фудбалерот кој Премиерлигашот го чинеше 17
милиони евра, а договорот падна на само два дена пред инцидентот.

Првата исплата на
Кардиф беше во висина од шест милиони евра, а сега Премиерлигашот ги разгледува
сите правни аспекти пред да ги исплати и останатите средства за трансферот со
кој требаше да биде урнат клупскиот рекорд на таа екипа.

Телеграф пишува
дека велшкиот клуб би можел да се соочи и со контра-тврдења од страна на Нант
поради евентуално неисплатување на целосната договорена сума, сепак, од таму
велат дека во овој емотивен период нема да дискутираат за финансиите околу оваа
тема.

Во овие моменти
ние нема да разговараме за парите во една ваква драматична ситуација
“ изјави
Валдемар Кита, претседателот на Кардиф.

Сега, ние нема
да тврдиме се
што
посакуваме, ќе видиме во периодот кој претстои
“ додаде Кита.

Ситуацијата за момент стана и доста сложена, ако се земе во предвид дека постои и трета страна во овој
случај, тоа е поранешниот клуб на 28 годишниот Аргентинец, Бордо, кој пред
четири години го продаде на Нант за само еден ипол милион евра, но, и посебна
клаузула во договорот од таа продажба, со која при евентуален иден трансфер на
Сала, Бордо би добил половина од зделката.

Сепак, од Бордо имаа реакции по шпекулациите низ одредени медиуми дека тие веќе имале побарување за дел од зделката, истакнувајќи дека во вакви околности клубот ќе се воздржи од такви активности, а воедно од таму упатија и максимална поддршка да се пронајде Сала.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани