68
„Кариоките“ си ги
пакуваат куферите откако вечерва загубија со 2-1 во пресметката со Белгија во
четвртфиналето. На победата на „Црвените ѓаволи“ се израдува и капитенот на
Мексико.
Андрес Гвардадо
веднаш се огласи на социјалните мрежи за да го истрола Нејмар, со кого водеше
војна во осминафиналето.
„А сега кој ќе се
оди дома?“ – гласеше пораката на фудбалерот на Бетис, заедно со неколку емоџи
знаци.
Ова е одговор на
коментарите кои ги имаше Нејмар по триумфот на Бразил над Мексико. Репрезентативеците
на „Ел Три“ му се „пуштија“ на Бразилецот поради тоа што се тркалаше по тревата
и го обвинија дека глуми, а ѕвездата на ПСЖ само кратко им порача: „Зборувате
премногу, затоа сега си одите дома“.