Капитенот на Каљари ги освои симпатиите на јавноста со овој потег по расистичките наврди кон Кин (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уште една црна
епизода во Калчото, црномурестиот Италијанец од редовите на Јувентус, Моизе Кин
синоќа доби расистички навреди од публиката на гостувањето во Сардинија.

Тој добиваше
свирежи речиси цел натпревар, а кога погоди во финишот од мечот и ја запечати
победата, реши да им се одмазди и прослави пред ултрас навивачите. Ова само
дополнително ги испровоцира најжешките тифози, кои почнаа да го навредуваат 19
годишното момче на расна основа.

И додека
фудбалската јавност е згрозена од она што се случуваше, сите го пофалија  потегот на капитенот на Каљари. Лука Чепители
веднаш притрча да го го заштити Моизе Кин и побара од фановите да престанат. Во
целата ситуација дури и тој беше погоден со тврд предмет кој полета од
трибините и веројатно беше наменет за тинејџерот на Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани