108
Според каталонскиот медиум „Спорт“, капитенот на Барселона, Роналд Араухо веќе ги започнал подготовките за новата сезона со индивидуални тренинзи.
Чести се гласините за заминување на Араухо, но Уругваецот е исклучително мотивиран за новата сезона и знае дека Ханси Флик во него гледа важен играч во тимот.
По тешката мината сезона, Араухо сака да почна силно, да ги избегне проблемите кои ги имаше по враќањето од повредата.
Минатата година Араухо пропушти голем дел од сезоната поради повреда, а потоа никако не можеше да го достигне фитнес нивото на соиграчите.
Сега сака максимално да биде подготвен, па скратил дел од својот одмор за да почне со индивидуални тренинзи пред сите други.