Горан Пандев за
прв пат во својата кариера ќе игра во Серија Б откако синоќа во последниот ден
од преодниот рок на големо изненадување се пресели во Парма.
По вестите за
трансфер на Македонецот, капитенот Доменико Кришито прв се огласи на
социјалните мрежи и го поздрави Горан Пандев.
„Сакам само да
кажам благодарам, ме научи многу, како на теренот, така и надвор од него… ти
си ЛЕГЕНДА!!! Со среќа пријателе, ќе ни недостасуваш!!!“ – напиша левиот бек.
Џенова исто така
се поздрави од миленикот на навивачите: „32 пати благодариме Горан. Не беше
лесно да се прифати твојот избор, на со оглед на тоа кој си и што имаш
направено, моравме да ја испочитуваме твојата желба“.
Најстариот клуб
од Италија исто така објави видео од сите голови на Горан Пандев во Серија А.