Капитенот Џеко ги призна босанските грешки против Швајцарија

by 24 фудбал
1 минути читање

Тежок пораз доживеа Босна и Херцеговина во второто коло од Светското првенство, откако Швајцарија славеше со убедливи 4-1.

По натпреварот разочарување не криеше капитенот Един Џеко, кој смета дека неговата селекција сама си ги искомплицирала работите во клучните моменти од средбата.

Не издржавме во последните 20 минути, иако сите голови ги примивме наивно. При резултатот 0-1, кога добивме црвен картон, требаше да се затвориме и да мислиме како да не примиме уште еден гол, а потоа да искористиме некој контра-напад. Црвениот картон е една од причините поради кои примивме четири голови“, изјави Џеко.

По два одиграни натпревари, БиХ останува под притисок во борбата за пласман во следната рунда. Во последното коло од групната фаза босанската репрезентација ќе се соочи со Катар и ќе мора да бара позитивен резултат за да ги задржи шансите за продолжување на настапот на Мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×