Легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона во своето шоу на „Еуроспорт“ го искажа својот гнев кон одлуката на раководството на Лестер да му даде отказ на Раниери а фудбалерите ги нарече предавници сметајќи дека намерно играле послабо со цел да го избркаат Италијанецот.
„Деца, имам да ви раскажам една многу тажна приказна. Еднаш во минатото, магионичар дојде во градот и од една група полуталентирани фудбалери направи големи шампиони. Но кога се појавија првите облаци, неблагодарните генијалци се договорија да го избркаат магионичарот. Предавници!“ – вели Кантона.
Кантона го „чепна“ и Луис Енрике кој поради замор најави дека заминува од Барселона, Кантона му даде предлог да се замени со Венгер во Арсенал бидејќи тоа е клубот каде што може да се одмори.
Погледнете ја новата епизода на „Комесарот Кантона“: