Канатларовски го објави списокот за турнирот во Хрватска

by
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во периодот од 21. до 26. септември ќе учествува на контролен турнир што ќе се одржи во Свети Мартин на Мура, Хрватска.

Покрај македонската и хрватската репрезентација, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Албанија и Саудиска Арабија.

Селекторот Драган Канатларовски го објави списокот за овој турнир, ќе недостасува само Дашмир Елези кој е повикан во селекцијата до 19 години.

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Александар Ангелкоски (Тетекс);

Одбрана: Антонио Јанкулоски (Вастра Фролунда, Шведска), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Стефан Деспотовси (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугсбург);

Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Арда Окан Куртулан (Адана, Турција);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Методи Максимов (Работнички);

Првиот натпревар на турнирот во Хрватска го играме против Албанија на 23. септември.

На 26. септември дополнително ќе биде утврдено која од селекциите, Хрватска или Саудиска Арабија ќе биде нашиот следен противник.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година е закажан на 18. септември во хотел Парк.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани