Капитенот на Реал
Мадрид ќе го пропушти реваншот со Ајакс на Бернабеу откако во завршните мигови
од синоќешниот дуел влезе во бележникот на судијата. Но Серхио Рамос може да
добие два меча суспензија наместо еден откако по пресметката во Амстердам
самиот сугерираше дека намерно заработил жолт.
Дефанзивецот
потоа се огласи на социјалните мрежи и негираше дека го изнудил картон. Но
случувањта на теренот кои беа уловени од камерите на „Гол“ го тврдат
спротивното.
Уште додека
играчите на Реал се враќаа на својата половина по водството во 87. минута,
Серхио Рамос се консултираше со Начо, Касемиро и Модриќ дали да „пожолти“, а
потоа им свирна на луѓето од клупата и побара дозвола: „Да изнудам жолт?“.
Стотина секунди
подоцна, Серхио Рамос непотребно му „влезе“ на Долберг на средината од теренот
па Скомина немаше друга опција освен да му покаже картон на Шпанецот.
Со ова тој ќе го пропушти реваншот, кој во основа и не треба да биде многу
важен бидејќи Реал Мадрид со победата од 1-2 во гости направи голем исчекор кон
четвртфинале, но затоа пак Серхио Рамос без картон ќе влезе во следната рунда.
На потег сега е европската
куќа на фудбалот, која има повеќе од доволно да го санкционира Серхио Рамос.