Во 32. коло од француското првенство, Ница и Ленс одиграа нерешено 1-1 во натпревар со големо значење за двете страни.
Домашниот тим бараше победа за да го осигура опстанокот, додека гостите се обидуваа да останат во трката за титулата со ПСЖ.
Ленс поведе во 60. минута преку Алан Сен-Максимен, но ситуацијата се искомплицира во 81. минута кога Сауд Абдулхамид заработи црвен картон. Ница брзо ја искористи бројчаното предност и израмни преку Али Абди во 84. минута.
Сепак, голот беше ставен под проверка преку ВАР, по што настана вистинска мешаница на теренот. Играчите од двата тима го опколија судијата Томас Леонард, барајќи објаснување.
Во обид да воспостави ред, Леонард се одлучи на необично решение, го извади спрејот за означување дистанца и повлече линија која фудбалерите не смееја да ја преминат.
Овој потег предизвика смеа кај телевизиските коментатори во Франција, а снимките брзо се проширија и станаа хит на социјалните мрежи.
L1 The referee in the match between Nice & Lens…