Славко Винчиќ ќе ја дели правдата на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, што претставува најголемо признание во неговата судиска кариера.
ФИФА му ја довери најважната натпреварувачка задача, а словенечкиот арбитар не успеа да ги сокрие емоциите кога ја доби веста. На видеото објавено од светската куќа на фудбалот се гледа како Винчиќ се расплака, додека неговите колеги го поздравија со аплауз. Во финалето ќе му асистираат Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, а четврти судија ќе биде Јорданецот Адам Махадмех.
46-годишниот Словенец зад себе има богата меѓународна кариера. Досега судеше во финалето на Лига Европа во 2022 година, како и во финалето на Лигата на шампионите во 2024 година.
Името на Винчиќ пред шест години се најде во центарот на вниманието по полициската акција „Кристал“ во Босна и Херцеговина. Тој беше приведен и сослушан како сведок, но против него никогаш не беше покрената истрага ниту беше обвинет за какво било кривично дело. Подоцна самиот објасни дека случајно се нашол на спорната локација за време на службено патување и призна дека прифаќањето на поканата било „најголемата грешка во неговиот живот“. Шест години подоцна, Винчиќ ќе биде главен судија на најголемиот натпревар во светскиот фудбал.