74
Напаѓачот на
Манчестер јунајтед постигна четири гола во првите два меча на мундијалот во
Русија, но вечерва немаше свој натпревар. Ромелу Лукаку се најде во неколку
добри шанси против Јапонија, но никако не успеваше да ја затресе мрежата.
Кога веќе не му
одеше пред голот, тој помогна во победата со одлично движење при контрата по
која падна победносниот гол во 94. минута. Кога Кевин Де Брујне повлече, Лукаку умешно влезе во
средината, го повлече дефанзивецот на Јапонија со себе и му остави празен
простор на Мунје по десната страна. Ромелу потоа направи и одличен лажњак по
кој топката стигна до осамениот Шадли, кој не можеше да погреши од таа
ситуација.